Повеќе стотици демонстранти протестираа денеска во францускиот град Нант, во момент кога ширум Франција повторно заживеаа протестите на „жолтите елеци“, насочени против владата на францускиот претседател, Емануел Макрон.

Полицијата употреби солзавец бидејќи некои демонстранти фрлаа предмети кон нив.

Портпаролот на локалната префектура изјави дека 21 лице се уапсени, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

На снимките од локалните телевизии се прикажани групи демонстранти во црно, кои се обидувале да обијат продавници и да влезат во полициските камиони со водени топови.

Демонстрациите на „жолтите елеци“ започна поради зголемувањето на данокот на горивото, и прераснаа во општ протест против Макрон и владата.

Макрон се обиде да ги ублажи тензиите со 17 милијарди евра наменети за мерки како зголемување на минималната плата, укинување на даноци и финансиска помош за сиромашните пензионери, но претседателот се соочува со нова рунда на гнев за реформата на пензискиот систем, која треба да спои 42 различни пензиски фонда во Франција во еден единствен систем.