Алексеј Навални вечерва слета на московскиот аеродром Шереметјево откако неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаниците и новинарите, пренесуваат агенциите.

Според информациите до кој дојде веб-редакцијата на „Нова Македонија“, Навални е задржан од руските служби, а неговата жена и дете се пуштени. Врз основа на руското законодавство имаат право да го задржат 24 часа.

Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални ја напушти Германија, каде се лекуваше поради наводно труење, за да се врати во Русија, каде му се заканува затворска казна.

На Навални од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.