Џулијан Асанж е предмет на претходно незабележано ниво на надзор во амбасадата на Еквадор во Лондон, слично како она на веќе култниот филм „Шоуто на Труман“ со Џим Кери, тврди главниот уредник на „Викиликс“, Кристин Храфнсон

Истражувачкиот новинар и главен уредник на „Викиликс“ Кристин Храфнсон вели дека има уценувачи кои тврдат дека поседуваат одредени компромитирачки документи за Асанж и се закануваат дека ќе ги објават, доколку не добијат три милиони евра, пишува весникот „Ивнинг стандард“.

– Викиликс откри обемна шпионска операција против Џулиан Асанж во еквадорската амбасада. Тоа подразбира целосно нарушување на неговата приватност – рече Исланѓанецот на прес-конференција.

Храфнсон објасни дека безбедносните камери во амбасадата го следеле секој чекор на Асанж, што почнал да се случува откако претседателот Ленин Морено дошол на власт во Еквадор. 

– Асанж живее како во филмот „Шоуто на Труман“ – посочува Харфнсон.

Животот на Асанж се споредува со оној на Труман Бурбенк во филмот „Шоуто на Труман“

„Шоуто на Труман“ е филм од 1998 година со Џим Кери, во кој животот на главниот лик 24 часа дневно е сниман со камери, и всушност е основа на телевизиско шоу, во кое тој учествува без негово знаење.

Дополнително, Исланѓанецот тврдеше дека група на луѓе во Шпанија разменувала голем број на документи во врска со престојот на Џулијан Асанж во еквадорската амбасада. Храфнсон ги контактирал луѓето, а тие му рекле дека „тој материјал има своја цена“.

– Голем број на документи, вклучувајќи фото и видео-материјал, најверојатно се проследени и до администрацијата на американскиот претседател Трамп. Но, многу позагрижувачко беше шпионирањето на еквадорската влада, отколку уцените за документите во Шпанија. Условите за живот на Џулијан Асанж во амбасадата беа полоши од било кој затвор – истакна Храфнсон.

Џулијан Асанж денес е уапсен во еквадорската амбасада во Лондон, каде што основачот на „Викилис“ доби азил во 2012 година, додека беше ослободен со кауција во Велика Британија, за обвинението за сексуален напад во Шведска.