Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб (71) понуди оставка која претседателот на Франција Емануел Макрон не ја прифати.

Коломб објави пред две недели дека има намера да поднесе оставка за да се кандидира за градоначалник на Лион на изборите во 2020 година и дека ќе поднесе оставка по изборите за Евроспкиот парламент во мај 2019 година.

Според Фигаро, Коломб не сакал француското МВР да се дестабилизира поради неговата одлука повторно да се кандидира за градоначалник на Лион. Макрон одлучи да го задржи на функцијата, наведува весникот.

Коломб беше градоначалник на Лион од 2001 до 2017 година.