Илхан Омар (Минесота) пристигнала во САД како бегалка од Сомалија

Жените, ЛГБТ кандидатите направија историја на изборите во САД. Американските медиуми пишуваат дека на изборите забележителни резултати остварија претставниците на малцинствата. 

Демократот Џаред Полис, кој е јавно деклариран како хомосексуалец

Во трката за гувернер на Колорадо победи демократот Џаред Полис, кој е јавно деклариран како хомосексуалец, а неговата сопартијка Шарис Дејвидс стана првата Индијанка избрана за член на Конгресот од Канзас.

Рашида Тлаиб и Илхан Омар

Во Претставничкиот дом првпат се избрани и две муслиманки. Станува збор за Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои победија во своите изборни единици во Минесота, односно Мичиген.

Илхан Омар (Минесота) пристигнала во САД како бегалка од Сомалија и последните четири години е силно активна на политичката сцена.

Рашида Тлаиб има потекло од Палестина и ќе го претставува Мичиген, а се прослави кога беше избркана од митинг на Трамп во 2016 година, откако го праша дали некогаш го прочитал Уставот.

Александрија Окасио-Кортес најмладата жена во Конгресот во историјата на САД

Демократката Александрија Окасио-Кортез (29) со победата во изборната единици во Њујорк стана најмладата жена членка на Претставничкиот дом во историјата на САД.