Њујоршката берза, првпат од своето основање пред 226 години, ќе има жена раководител.

Стејси Канингем, која ја почна кариерата како трговец на Њујоршката берза, ќе стане 67-та претседателка на таа берза.

– Канингем, која сега е оперативна директорка на Њујоршката берза, ќе стане претседателка в петок – соопшти Меѓународната берза.

Тоа значи дека двете најпознати берзи во светот ќе бидат предводени од жени. Адена Фридман стана генерална директорка на „Насдак“ на почетокот на 2017 година.

Адена Фридман