Желелезничката станица Пар-Диу во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата, додавајќи дека едно лице е уапсено.

Локалниот весник „Прогрес“ од Лион објави на својата веб-страница дека жена која носела неколку торби се заканувала дека ќе се разнесе и извикала „Алаху Акбар“.

Тимот за деактивирање на експлозивни направи е на местото на настанот и врши проверка, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата и армијата формираа кордон околу станиците и го затворија пристапот.

Железничката компанија СНЦФ на Твитер потврди дека сообраќајот околу Лион е прекинат.

Новинарот Џулиен Дамбоа наведува дека патниците го оставиле багажот и побегнале од станицата, пренесува Дејли експрес.