Полицијата во американскиот град Сан Бруно потврди дека имало пукотници во седиштето на „Јутуб“.

Најмалку четири лица се ранети, додека жената која е осомничена за оружениот напад е пронајдена мртва, со прострелна рана, објави Си-ен-ен. Според првичните сознанија на полицијата таа сама се застрелала.

Полицијата ги предупреди жителите на Сан Бруно, град што се наоѓа јужно од Сан Франциско, да го избегнуваат подрачјето околу седиштето на компанијата.

– Во седиштето на Јутуб има напаѓач со огнено оружје кој пука. Сега сме забарикадирани во една канцеларија со колеги – наведе на Твитер вработен во компанијата.