Едно лица загина, а 44 други се повредени, кога патнички воз рано изутринава излета од шините во близина на Барселона, соопшти шпанската полиција.

Несреќата се случила во шест часот по локaлно време (седум часот по средноевропско време), помеѓу градовите Терас и Манреса.

Во време на несреќата во возот се наоѓале 131 лице.

По инцидентот дел од патниците останале заглавени во вагоните, поради што интервенирале спасувачките служби за нивно извлекување.

Машиновозачот Адиф, кој е меѓу повредените, на Твитер објави дека причина за излетувањето на возот е свлечиште крај пругата.

Северните делови на Шпанија изминативе денови беа зафатени од порокни дождови, кои предизвикаа повеќе свлечишта.