Две лица загинаа, а 18 се повредени на северот на Италија доцна синоќа кога локален воз налета на камион што се заглавил на железнички премин во близина на Торино.

Според италијанските медиуми, несреќата се случила нешто пред полноќ.

Локомотивата и два вагона излетале од шините.

Машиновозачот загинал на лице место, додека еден патник на пат кон болница.