Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен изјави дека ЕУ ќе ги искористи сите инструменти кои и се на располагање за да ги поддржи стопанствата на земјите погодени со коронавирусот.

Таа по вонредната видео конференција на евролидерите посветена на мерките за справување со новиот вид коронавирус, најави дека за таа цел ќе биде формиран специјален фонд за одговор на епидемијата.