Јанез Јанша ги „тролува“ критичарите на Твитер, води самопрогласена „војна со медиумите“ и обвинет е за мешање во независното судство. А словенечкиот премиер исто така го презема ротирачкото претседателство со Европската Унија во време кога еропскиот блок има потешкотии да го запре авторитаризмот во источното крило, пишува „Блумберг“ во текстот насловен „Твитер-тролот инспириран од Трамп добива прилика да ја поставува агендата на ЕУ“.

Гласниот поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп го прифаќа моделот на владеење осмислен од неговиот унгарски сојузник Виктор Орбан, кој се судри со Брисел по повод бројни прашања, од прифаќањето на мигрантите до одржувањето на владеењето на правото, па се до правата на ЛГБТ-заедницата.

– Контроверзниот стил на Јанша веројатно ќе значи оти другите членови на Европскиот совет помалку ќе сметаат на него кога станува збор на обидите за постигнување на компромис – истакна Јакоб Киркегард од фондацијата Германски маршалов фонд на САД.

Одлуките во ЕУ се носат од страна на лидерите на сите 27 земји-членки со што претседателството главно е бирократски процес. Но секако постои можност за создавање на проблеми, а познавачите на состојбите во ЕУ веќе се подготвуаат за таква ситуација, се наведува во анализата на „Блумберг“.