ЕУ прави планови за подобрување на воената мобилност меѓу државите членки и за овозможување преместување опрема ширум континентот со поголема брзина.

ЕК предложи план за укинување на многубројните бирократски процедури на администрацијата и зајакнување на одредени патишта, со цел да се олесни транспортот на тешката опрема за одбрана, како што се тенковите, камионите и оклопните возила.

– Со овозможување на воената мобилност во рамките на ЕУ, можеме да бидеме поефикасни во спречување кризи, поефикасни во распоредувањето на нашите мисии и брзо реагирање, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

За почеток, оваа година државите членки ќе испитаат каде се проблемите и како да ги олеснат царинските формалности.