ЕУ нема друга опција освен да разговара со талибанците во Авганистан, изјави денеска високиот европски претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Обраќајќи им се на членовите на Европскиот парламент во Стразбур, Борел посочи дека Брисел ќе се обиде да се координира со другите членки на ЕУ со цел да организира дипломатско присуство во Кабул.

„ Кризата во Авганистан не е завршена. За да имаме шанса да влијаеме на било што, немаме друга опција освен да се вклучиме во разговорите со талибанците”, нагласи Борел.

Тој изјави дека ЕУ ќе укаже на важноста од почитување на човековите права, пренесуваат медиумите.