Најмногу склучени бракови во Европа има во Литванија, а најмалку во Словенија, говорат податоците на Европската статистичка агенција.

Во ЕУ просечно се склучуваат 4,3 брака на 1.000 жители, а многу поголема е стапката на просечни регистрирања во Литванија (7,5) и Романија (7,3).

Седум бракови на 1.000 жители се евидентирани во Литванија и Кипар, покажуваат податоците на Евростат, кои се однесуваат за 2017 година.

Во Македонија на 1.000 жители се регистрирани 6,6 бракови, во Хрватска 4,9, во Црна Гора 5,3, Србија 5,1, Албанија 7,9 и во Косово девет (податоците за Косово се за 2016 година).

Од друга страна, во ЕУ најмалку бракови, малку повеќе од три на 1.000 жители, се забележани во Словенија, Италија, Луксембург и Португалија.