Европската унија денеска ги продолжи санкциите за 44 компании и 155 поединци поврзани со Русија, кои се обвинети дека ја поткопуваат независноста на Украина и ги поддржуваат сепаратистичките движења на истокот на оваа земја.

– Наша проценка е дека состојбата не дозволува менување на режимот на санкции – соопшти Европскиот совет.

Санкциите беа воведени во март 2014 година, откако Русија изврши анексија на полуостротов Крим. ЕУ оттогаш ги продолжуваше овие санкции на секои шест месеци.