Европската унија денеска воведе санкции кон директорот на руската воена разузнавачка служба ГРУ и неговиот заменик, поради „вмешаност во труењето“ на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.

Во соопштението на ЕУ се наведува дека двајцата шефови на ГРУ се ставени на „црната листа“, бидејќи биле „одговорни за чување, транспорт и употреба“ на нервиот агенс Новичок, со кои беа затруени Скрипал и неговата ќерка лани во март во англискиот гард Солзбери.

По труењето Сергеј и Јулија Скрипал неколку недели минаа в болница.

За труењето Велика Британија обвини двајца руски разузнавачи, но Москва ги отфрла таквите обвинувања, тврдејќи дека нема никаква врска со овој случај.