Претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот ривал од кај демократите Џо Бајден стануваат многу големи политички непријатели, откако и двајцата политичари ја започнаа директната борба со противникот, сè со цел да ги остварат своите политички цели на патот кон следните претседателски избори во 2020 година, анализира Си-ен-ен.

Моменталниот претседател и поранешниот заменик-претседател на најмоќната земја на светот се спорат за надворешна политика, лични карактерни проблеми и политички војни, една година пред демократската партија во САД да избере свој кандидат за следните избори.

Конфронтацијата која ескалираше на Денот на сеќавањата на загинатите војници на САД (27 мај), предизвика дебати за тоа дали Трамп започнува да се плаши од Бајден. Некои веруваат дека политичкиот ветеран Бајден би можел да го загрози сегашниот претседател и републиканец во сојузните држави кадешто гласачите често го менуваат мислењето, како што се Пенсилванија и Мичиген.

Ваквите и слични прашања би можеле да ја одлучат иднината на следниот претседател на САД. Но, сепак, овие прашања ќе може да се одговорат само во моментот кога Џо Бајден ќе успее да ги победи против-кандидатите и големата конкуренција во демократската партија.

Во моментов, и двајцата политичари не покажуваат само како би изгледале последните моменти од нивните интезивни кампањи за претседателските избори во 2020 година. Сега, и покрај ризиците, и Трамп и Бајден може да имаат големи придобивки од зголемувањето на интензитетот и критикувањето на противникот, поради тоа што им помага да ја засилат својата позиција пред потенцијалиот дуел.

Дополнително, зголемувањето на интензитетот и неофицијалниот почеток на кампањите им отвора можност да тргнат кон својот ривал и потенцијално да имаат предност на анкетите, многу рано и пред почетокот на кампањата.