Демонстрантите во Хонгконг го извадија знамето на Кина од јарболот и го фрлија во градското пристаниште, по што полицијата употреби солзавец.

Околу десетина илјади антивладини демонстранти облечени во црно денеска ја исполнија главната улица во центарот, блокираа тунел и ја опколија полициската станица, јави „АП“.

Протестите кои пред два месеци почнаа поради негодување од законот за екстрадиција што во меѓувреме беше суспендиран, прераснаа во антивладини, а полицијата кон демонстрантите употреби прекумерна сила.

Следниот антивладин протест е закажан за утре, а најавен е и масовен штрајк за в понеделник.

Над илјада државни службеници синоќа за првпат излегоа на улиците, давајќи им поддршка на антивладините демонстранти.