Низа ерупции на вулкан го погодија италијанскиот остров Стромболи. Туристите кои се нашле на плажа панично бегале во морето.

Од кратерот излегувал густ црн чад. Италијанската новинаска агенција Анса јави дека туристи скокале во море, исплашени од неочекуваната експлозија на малиот медитерански остров.