Поради ерупцијата на вулканот Пакаја во Гватемала, властите денеска го затворија аеродромот, а авионите прекриени со пепел беа паркирани на терминалите.

Вулканот, кој се наоѓа на 50-ина километри јужно од главниот град, е активен од почетокот на февруари.
Директорот за цивилно воздухопловство, Франсис Аргета, не соопшти колку долго ќе биде затворен аеродромот.

Туристите често се искачуваат на врвот Пакаја, но ваквите екскурзии се привремено откажани.

Пакаја е вулкан кој е во мирување речиси еден век и повторно се активира во 1961 година, а ерупции следуваа и во 2004 и 2010 година.