Вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали еруптираше денеска, при што исфрли чад во висина од 2.000 метри.

Ерупцијата траеше три минути, а засега не постои опасност по авионските летови над островот, јави новинската агенција ДПА.

Властите ја затворија областа од четири километри околу вулканот. Повеќето жителите се евакуирани од близината на вулканот уште од ноември, кога почна серијата ерупции и земјотреси.

Во 1963 и 1964 година ерупции на вулканот Агунг предизвикаа над 1.200 жртви.