Фото: илустрација

Службите за спасување на Гватемала објавија дека еруптирал вулканот Фуего, кој се наоѓа на околу 50 километри од главниот град на Гватемала.

Потоците лава се долги околу 1,5 километар, а над вулканот се издига столб од пепел кој паѓа во дијаметар од пет километри на земјата.

Засега нема информации за евакуација.

Последната ерупција на вулканот Фуего се случила на 3 јуни 2018 година, кога загинале повеќе од 200 луѓе.