Како што јавува Би-би-си, Ерменија и Азербејџан започнале судири околу регионот Нагорно-Карабах.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека Азербејџан извршил воздушен и артилериски напад, но ерменските сили возвратиле со уривање на два хеликоптера и три дрона.

Азербејџан соопшти дека Ерменија започнала огромна акција за гранатирање долж линијата на фронтот. Долготрајниот конфликт повторно се разгоре во последните месеци, а во борбите на границата само во јули загинаа 16 лица.

И Ерменија и Азербејџан беа дел од Советскиот сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.

Последен пат тензиите ескалираа во 2016 година, кога земјите четири дена војуваа за оваа територија.

ОБСЕ долго време се обидуваше да посредува во решавањето на конфликтот, а дипломати од Франција, Русија и САД исто така ја создадоа Минската група на ОБСЕ, која се обидува да доведе до прекин на огнот.