Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека светот мора конечно да биде исчистен од нуклеарно оружје и изрази поддршка за идејата нуклеарната енергија да се користи само во мировни цели.

– Цел свет мора да биде исчистен од нуклеарно оружје. Оние кои сега поседуваат над 15 илјади нуклеарни боеви глави претставуваат закана за светот- порача Ердоган.

Тој изрази поддршка за идејата нуклеарната енергија да се користи во мировни цели, бидејќи секоја земја има право на тоа.

– Веруваме дека секој треба да го почитува правото на земјите кои на овој начин сакаат да ги задоволат своите потреби од областа на енергетиката. Ако 450 нуклеарни централи во 31 земја во светот не се закана за нас, тогаш ни нуклеарните централи на другите земји, под услов да се под строг надзор, нема да претставуваат закана. Вистинска закана за нашата земја и за нашиот регион е нуклеарното оружје- потенцираше Ердоган.