Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го критикуваше целиот свет за тоа што не успеал да се спротивстави на „израелското насилство врз невооружените Палестинци“ во Појасот Газа.

– Исламскиот свет падна на испитот за Ерусалим. Не само исламскиот свет, но и целиот свет падна на испитот за Ерусалим – рече Ердоган во говорот пред демонстрантите на плоштадот Јеникапи во Истанбул, кои се собраа во знак на поддршка на Палестинците.

Ердоган го повика муслиманскиот свет да ги поддржи Палестинците обвини САД и ОН за смртта на десетици палестински демонстранти .