Турција никогаш не се откажала од својата цел – приклучување кон Европската унија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган по објавата на манифестот за изборите кои ќе се одржат следниот месец.

Обраќајќи се на своите приврзаници во Истанбул, Ердоган истакна дека ЕУ не покажала иста посветеност кон тоа прашање.

Ердоган, уште рече, дека новиот претседателски систем со извршни овластувања, кон кој ќе премине Турција по изборите, ќе даде нов имплус на економијата.

Тој вети намалување на даноците и инфлацијата по изборите на 24 јуни.