Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека не очекува дека САД ќе ѝ наметнат санкции на Турција, поради планираното купување на руски ракетен одбранбен систем, но дека ќе одговори ако дојде до такво нешто.

Обраќајќи се на ретка прес-конференција за странски новинари во Истанбул, Ердоган повтори дека е постигнат договор за купување на рускиот систем С-400 и нагласи дека САД треба внимателно да размислат пред да воведат санкции на членките на НАТО.

– Не гледам никаква можност да дојде до санкции. Но, aко дојде до тоа, ние ќе ги преземеме нашите санкции – рекол Ердоган.

Турскиот претседател истакнал дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот Г20, на крајот од месецот во Јапонија.