Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ќе допатува во САД во ноември и ќе одржи разговори со претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави американскиот претседател преку „Твитер“, пренесува ТАСС.

„Ердоган доаѓа во САД како мој гостин на 13 ноември“, напиша Трамп.

Тој исто така ја пофали важноста на американско-турските односи нарекувајќи ја Анкара голем трговски партнер на САД.