Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган потврди дека еден предизборен митинг ќе се одржи во главниот град на Босна и Херцеговина(БиХ), Сараево.

– Ќе дојдеме заедно со нашите граѓани од европските земји во салата во Босна – најавил Ердоган, пренесе сараевскиот портал Кликс, повикувајќи се на турскиот весник „Хуријет“.

Тој рече дека е убеден оти турските државјани ќе ја продолжат кампањата во европските земји, односно во државите во кои живеат.

Во Турција за 24 јуни се закажани вонредни парламентарни и претседателски избори.

Германија, Австрија и Холандија им забранија на турските политичари на нивна територија да одржуваат предизборни митинзи.