Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, јави агенцијата Анадолија.

Од Кабинетот за комуникации при Претседателството на Република Турција се наведува дека во телефонскиот разговор на Ердоган и Џонсон станало збор, меѓу останатото, и за актуелните случувања во врска со Сирија и Либија.

Ердоган и Џонсон разговарале и за билатералните односи помеѓу двете земји, и за други регионални теми.