Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска едногласно е реизбран за лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП).

Тоа го покажаа резултатите од гласањето што беше спроведено на партискиот конгрес во Анкара.

Сите 1.380 делегати гласале за Ердоган да биде реизбран за лидер на АКП.