Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше СAД за исфрлањето на неговата земја од програмата за борбени авиони Ф-35.

Исфрлањето се случи откако Анкара го купи рускиот систем за противракетна одбрана С-400.

Ердоган изрази надеж дека, кога станува збор за улогата на Турција во програмата Ф-35, ќе бидат преземени позитивни чекори кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја преземе функцијата.

Тој истакна дека Турција платила сериозна сума пари за авионите Ф-35.

– Ова е многу сериозна грешка што Америка, како сојузничка држава, ја направи кон нас – рече Ердоган.

Тој додаде дека ниту една земја не може да одлучува за чекорите што ќе ги преземе Турција во врска со одбранбената индустрија.