Компанијата „Ербас“ ќе го прекине производството на моделот „А380“, со што ќе го повлече од светскиот пазар својот легендарен „суперџамбоџет“. Европскиот производител на авиони се одлучи на тој потег откако авионската компанија „Емирати“ од Дубаи значително ги намали порачките за овој модел.

Првиот лет на „А380“, најголемиот светски авион, беше пред 14 години. „Ербас“ досега испорача 234 авиони „суберџамбо“, а кога почна со производство на тој двокатен модел, предвидуваше дека во истиот период ќе продаде 1.200 такви авиони.

Компанијата целосно ќе го прекине производството на авионите „А380“ во 2021 година.