Пакистанските власти во неделата објавија дека 681 луѓе, вклучително и 537 деца на возраст помеѓу 2 и 12 години, биле позитивни на ХИВ во провинцијата Синд на југоисточниот дел на земјата во текот на изминатите два месеци. Експертите ја обвинуваат праксата на лекарите кои користат веќе употребени игли, пренесува Си-ен-ен.

Иако властите сè уште не ја утврдиле причината за епидемијата на ХИВ, Зафар Мирза, вицепремиер за здравство, на прес-конференција изјави дека во Пакистан се продаваат користени шприцеви, а тоа е најголемиот проблем.

Лице осомничено за појава на епидемијата на ХИВ е педијатарот Музафар Гангро, кој е во затвор од 9 мај. Тој беше уапсен поради обид за убиство. Неговиот адвокат Али Атар Абас Соланги е убеден дека Гангро е невин.

-Лекарот се претвори во жртвено јагне за уште една голема криза во регионот. Мое мислење е дека тој сторил сé што е во согласност со законот. Ништо не може да се докаже против него – рече тој, додавајќи дека нема инфицирани шприцеви во клиниката на Гангро.

Доктор Асад Мемон смета дека причината за епидемијата е контактот на локалните лекари со трансвестити и проститутки.

Во Пакистан, особено во руралните области, жителите одат кај локалните лекари бидејќи се поевтини, подостапни и имаат повеќе време за пациентите.