Тинeјџер го загуби животот откако синоќа бил избоден со нож во источен Лондон, што претставува дваесет и осма смрт предизвикана од напади со нож во британската престолнина годинава, пренесуваат британските медиуми.

Ова злосторство одново укажа на проблемот со злосторствата со студено оружје што го вознемирува Лондон. Минатата година беше една од најкрвавите во британската престолнина во изминатата деценија, со вкупно 135 убиства поврзани со епидемијата на напади со нож. 

Полицијата синоќа била повикана во предградието Сомерфорд Гроув, соопшти Скотланд Јард. Пред да пристигне брзата помош, на 15-годишната жртва ѝ била укажана прва помош од страна на полицијата.

Момчето било прогласено за мртво кратко пред 22 часот, по што било известено неговото семејство.

Полицијата сѐ уште трага по напаѓачот.