Епидемијата на вирусот ебола што моментно се шири во Демократска Република Конго, е најголема во историјата на таа држава – 319 потврдени случаи на заболени, соопшти Министерството за здравство.

Од болеста досега животот го загубија 198 луѓе во провинцијата Киву и Итури каде напади и отпор на жители спречиле здравствени лица да помогнат.

Откако е откриен вирусот на ебола во 1976 година досега епидемијата избила повеќе од 10 пати.

– Епидемијата што е во моментот, е најголема во историјата на ДР Конго, изјави Џесика Илунга, портпаролка на Министерството за здравство.

Со повеќе од 300 заболени, таа епидемија се рангира како трета најголема во историјата на континентот.