Шумер (во зелено) и Ратајковски (со стисната тупаница) на протестот

Манекенката Емили Ратајковски и комичарката Ејми Шумер беа меѓу 302-те лица кои вчера беа уапсени на демонстрациите против номинацијата на Брет Кавано за Врховниот суд на САД, што се одржаа пред американскиот Сенат во Вашингтон.

Стотици луѓе изразија незадоволство против номинацијата на Кавано, откако три жени го обвинија за сексуално злоставување, пренесува Си-ен-ен. Протестот се случи откако беше објавен извештајот на ФБИ во врска со случајот на Кавано, кој ги негираше обвинувањата.

Шумер потврди дека е уапсена, во изјава за Си-ен-ен, додека Ратајковски се огласи преку социјалните мрежи.

– Бев уапсена, протестирајќи ја номинацијата на Брет Кавано, човек кој е обвинет за сексуални напади од страна на повеќе жени. Мажите кои ги повредуваат жените веќе не можат да бидат на власт – напиша Ратајковски на Твитер.

Кавано, како и една од жените кои го обвинија, сведочеа пред комитет на Сенатот. Се очекува гласањето за номинацијата на Кавано да биде во следните неколку дена.

Брет Кавано сведочеше во врска со обвинувањата против него