Европската комисија(ЕК) денеска ги отфрли наводите дека претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер е со лошо здравје, по објавените снимки на Јункер на кои се гледа како се тетерави на приемот во Виена.

– Фотографиите понекогаш лажат, како сега во овој случај – рече портпаролот Мина Андреева пред новинарите кои се интересираа за здравјето на Јункер.

Таа додава дека Јункер, како што и самиот порано објаснил, понекогаш има болки при движење како резултат на сериозните повреди со кои се здобил во сообраќајна несреќа пред 30 години.