Европската комисија поведе постапка против Унгарија и некои региони во Полска за дискриминација на ЛГБТК заедницата.

Унгарија се најде на удар на повеќето членки на ЕУ откако унгарскиот парламент неодамна донесе закон со кој се забранува едукација на младите за ЛГБТК заедницата, додека скоро сто полски региони минатата година се прогласија за „зони ослободени од ЛГБТК идеологијата“.

– Еднаквоста, почитувањето на човековите права и човечкото достоинство се меѓу основните вредности на ЕУ, наведени во член 2 од Договорот за Европската унија. Комисијата ќе ги искористи сите механизми што ѝ се на располагање за да ги заштити овие права – рече претседателката на ЕК Урсула фон дер Лeјен.