Фото: Твитер

Европската комисија денес исплати девет милијарди евра во петтата транша од финансиската помош на земјите членки според инструментот дизајниран за зачувување на работните места за време на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус.

Во денешните трансакции Чешка доби една милијарда евра, Шпанија 2,87 милијарди евра, Хрватска 510 милиони евра, Италија 3,87 милијарди евра, Литванија 302 милиони евра, Малта 123 милиони евра и Словачка 330 милиони евра.

Брисел вели дека заемите ќе им помогнат на земјите членки да ги покријат трошоците директно поврзани со финансирање на националните шеми со скратено работно време и други слични мерки што ги воведоа како одговор на пандемијата на коронавирус, вклучувајќи ги и самовработените.

До денес, 16 земји членки добија вкупно 62,5 милијарди евра според инструментот СУРЕ во форма на заеми.

Се очекува дека во текот на 2021 година, Комисијата ќе собере повеќе од 25 милијарди евра за потребите на овој инструмент со продажба на заеднички обврзници на ЕУ на меѓународниот пазар на капитал.

До денес, Комисијата понуди вкупна финансиска поддршка од 90,6 милијарди евра за 19 земји членки.