Поради екстремните температури, објавени се итни предупредувања за пожари во Нов Јужен Велс, поголемите делови на Сиднеј, Викторија и Јужна Австралија.

Властите ги повикаа граѓаните да ги одложат патувањата за божиќните празници, предупредувајќи на непредвидливоста на пожарите поради силниот ветер што достигнува брзина и до 70 километри на час.

Австралија неколку недели се бори со големи пожари, а температурите над 40 степени Целзиусови и силниот ветер создале услови што довеле до ширење на пожарите.

Во четвртокот загинаа двајца пожарникари, врз чие возило падна дрво. Денеска е соопштено дека едно лице е пронајдено мртво во Јужна Австралија, додека друго било тешко повредено.

Австралија веќе неколку недели се справува со пожари во кои се уништени повеќе од 700 домови и речиси три милиони хектари низинска вегетација.