Според раните процени на истражувачката група „Глобал карбон проџект“ што ги подготви за Климатскиот самит (КОП26) што се одржува во Глазгов, емисиите на јаглерод диоксид оваа година ќе се зголемат за 4,9 отсто. Лани, емисиите се намалија за 5,4 отсто поради карантините воведени за спречување на ширењето на ковид-19 и политиките што ја ограничија економската активност во поголем дел од светот.
Од земјите со највисоки јаглеродни емисии, Кина и Индија се очекува да забележат повисоки емисии во 2021 година отколку во 2019 година, додека САД и Европа се очекува да имаат малку пониски емисии. Новите бројки јасно го покажуваат светскиот предизвик наметнат поради долгогодишното задоцнето воведување климатски политики и инвестиции.