Едно лице загина, а три се повредени во експлозија на плоштад во иранскиот град Сараван.

Локалната телевизија го опиша инцидентот како „терористички акт“ во кој бил убиен пешак, но не беше разјаснето кој стои зад нападот, пренесува АП.

Како што се наведува, провинциите Систан и Балучистан се познати како рути за шверцери со дрога и нафта, а во нив често се јавуваат судири меѓу владините сили и милитантните групи.