Едно лице починало, четворица се тешко повредени, а 14 се спасени по експлозијата на гас во станбена зграда во градот Јарослав, североисточно од Москва.

– Од 14-те спасени, петмина се спуштени со кран, осуммина беа спасени од противпожарна бригада и еден беше извлечен од урнатините – соопшти регионалната служба за итни случаи, пренесе „ТАСС“.
По експлозијата на гас и пожарот, дел од зградата се урнал, а според информациите, жена и дете се останти под урнатините.

Во тек е истрага на несреќата.