Најмалку 11 сириски војници загинаа денеска при серија експлозии на воениот аеродром во градот Хама во северозападниот дел на Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

– Силни експлозии одекнуваат во складиштата за оружје и гориво на воениот аеродром во Хама. Загинаа најмалку 11 лица…, а десетици други се повредени или се сметаат како исчезнати – изјави директорот на оваа невладина организации со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Претходно, Центарот соопшти дека серија експлозии се слушнале од реонот на аеродромот во Хама, но и од самиот град.

Како што јави ДПА, причините за експлозиите засега не се познати, но не е исклучено тие да се предизвикани од технички проблем или поради високите температури.

Од овој аеродром вообичаено полетуваат авионите на сириското Воено водухопловство кои извршуваат напади врз позициите на бунтовниците во провинциите Хама и Идлиб.