фото: илустрација

Најмалку пет лица беа ранети денеска при експлозија на поставена бомба на автобуска постојка во чилеанскиот главен град Сантијаго, информира МИА.

Експлозијата се случила околу пладне по локaлно време (17 часот по средноевропско време), кога минувач допрел торба оставена на автобуската постојка на една од главните сообраќајници во Сантијаго, авенијата „Бенхамин Викуња Макена“.

Градоначалничката на Сантијаго, Евелин Матеј изјави дека во овој случај постоела „јасна намера да се предизвика штета“.

Одговорност за експлозијата презеде еко-терористичката група Индивидуалци кои тежнеат кон дивината.