Од експлозија десет луѓе се здобиле со изгореници во северен Лондон, соопшти полицијата.

– Десет луѓе се здобиле со изгореници по палење оган на отворено како дел од празнување на локална еврејска заедница во Ревенсдејл роуд, на Стамфорд Хил, соопшти полицијата.

Во соопштението се додава дека нема информации за криминална дејност и сериозни повредени.

Експлозијата најверојатно била предизвикана откако во огнот бил фрлен мобилен телефон, јавуваат лондонски медиуми.