Во експлозија во хемиска фабрика во југозападниот дел на Кина загинаа 19 лица,  а 12 се повредени, соопштија утрово локалните власти.

Експлозијата се случила синоќа во индустрискиот комплекс во градот  Јибин во провинцијата Сечуан. 

Повредените се во стабилна состојба и префрлени во болница. Се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката на компанијата Хенгда.

Најголема експлозија во фабрика во Кина се случи во 2015 година во магацин за хемиски производи, при што настрадаа 165 лица.