Се смета дека „каллив вулкан“ довел до експлозијата во Каспиското Море

Силна експлозија го потресе Каспиското Море во областа каде што Азербејџан има наоѓалишта на нафта и гас, предизвикувајќи пожар. Државната нафтена компанија „Сокар“ смета оти инцидентот бил предизвикан од појавата на т.н. „Каллив вулкан“, односно на земјиште создадено од ерупција на кал или вода и гасови, според првичните информации.

Азербејџан и Каспиското Море имаат стотици „калливи вулкани“, а се проценува дека кај една четвртина од нив доаѓа до експлозии. Научниците не се сигурни што доведува до експлозиите, но претпоставуваат дека камењата што вулканите ги исфрлаат предизвикуваат искрење, што резултира со пожари.

Претставниците на „Сокар“ соопштија дека експлозијата се случила на десет километри од гасното поле Умид, што е на 75 километри од главниот град на Азербејџан, Баку.

Азербејџан е познат како „земјата на огнот“ поради резервите на природен гас.

Експлозијата во Каспиското Море уследи по неодамнешното избивање пожар на површината на океанот во Мексиканскиот Залив. Огнот беше изгаснат откако гореше повеќе од пет часа.

Ваквата невообичаена појава стана позната како „огнено око“ поради нејзиниот облик. Државната нафтена компанија „Пемекс“ го наведе истекувањето на гас од подводен гасовод како причина за пожарот.

„Огненото око“ во Мексиканскиот Залив